ЗЕМЈА ЗА ПРИМЕР: Кредит даваат за 59 минути
Во светот постојат земји каде за 59 минути даваат кредит. Таков е случајот со Индија. Нивниот премиер, Нарендра Моди, воведе програма за одобрување кредити до 10 милиони рупии (138.000 долари) за мали и средни бизниси. Сето тоа може да се добие во рок од 59 минути.
„Додека зборуваме, некаде во земјата вашите браќа или сестри претприемачи подигнуваат кредит. Одобрен за само 59 минути. Замислете, само 59 минути“, вели Моди.
„Ројтерс“ информира, а Б92 пренесува дека мерката е одговор на индиската Народна партија на Моди, на ветувањата што опозициската Конгресна партија претходно ги даде на претприемачите.
Инаку, Индија има економија која зајакнува и има години кога растот е над 7%.
Foto: Getty images
Слично
