Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земја во регионот има повеќе од 1.000 стогодишници

Земја во регионот има повеќе од 1.000 стогодишници

Повеќе од 1.000 стогодишници живеат во Босна и Херцеговина. 

Точниот број на стогодишници во БиХ е 1.149, од кои 820 се жени, а 329 се мажи, објавија локалните медиуми според информациите со кои располага државната Агенција за идентификација на документи, евиденција и размена на податоци. Повеќето од нив живеат во областа на градот Сараево, и тоа 195, односно 131 жена и 64 мажи. Поголем број жени на постара возраст во однос на мажите е вообичаена појава, просечната старост на жените во Европа е поголема за пет до шест години. За 50 години БиХ ќе остане без половина од своите жители.  Според пописот од 2013 година, во Босна и Херцговина живеат 3.531.151 постојани жители. Од тоа во Федерацијата БиХ се 2.219.220, во ентитетот РС 1.228.423 и во Дистриктот Брчко 83.516 жители. 

Слично

Поврзани вести