Земја рекордер по поскапувања: Цената на оризот се зголеми за 91 отсто
Инфлацијата во Јапонија се намали на 3,1 процент, но сепак е над прогнозата на Банката на Јапонија од два проценти.
Главните фактори за зголемувањето на цените на оризот се екстремно топлото време, проблемите со снабдувањето и реакцијата на предупредувањата за можен земјотрес.
Цените на оризот во Јапонија се зголемија за 90,7 проценти во јули оваа година во споредба со истиот период минатата година, покажаа официјалните податоци објавени во петокот, но стапката на раст беше побавна отколку во претходните месеци, што му донесе олеснување на премиерот Шигеру Ишиба.Цените на оризот нагло пораснаа во последните месеци поради проблеми со снабдувањето поврзани со многу жешкото лето во 2023 година и паничното купување по предупредувањето за „мега-земјотрес“ минатата година, меѓу другите фактори.
Во јуни, цената на оризот беше за 100,2 проценти повисока отколку претходната година. Во мај, стапката беше 101,7 проценти.
Претседателот на САД, Доналд Трамп сака Јапонија да увезува повеќе американски ориз.
foto freepik.com/jcomp
