Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА: 25 години знаат само за раст

ЗЕМЈА ОД СОНИШТАТА: 25 години знаат само за раст

Австралиската економија пораснала за 0,5 отсто во кварталот завршен во јуни, благодарение на растот на државната потрошувачка која го компензирала падот на нето извозот.

Така оваа земја бележи 25 години непрекинат економски раст.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/07/14/avstralija-bara-rabotnitsi-koi-profili-se-potrebni/" target="blank" ]Австралија бара работници, кои профили се потребни?[/button]

Податоците на австралискиот завод за статистика покажаа дека во вториот квартал годишниот економски раст изнесувал 3,3 отсто, што е во согласност со очекувањата, иако економијата наредува во својот пресврт од потпирањето на досегашниот раст заснован на невиден бум инвестиции во ресурсите.

„Тоа е официјално, Австралија сега остварила 25 години непрекинат економски раст. Но, ова не е време за самозадоволство. Продолжуваме да се бориме за секој инч раст во многу  предизвикувачкaтa глобална економија“, изјавил австралискиот министер за финаксии Скот Морисон.

Економскиот раст од 1,1 отсто во кварталот јануари - март бил поттикнат од нето извозот и потрошувачката на домаќинствата, но извозот кој претставува главен мотор на растот скокнал во тромесечието од април до јуни.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/06/06/proverete-ako-se-naogate-na-ovaa-lista-vednash-dobivate-rabota-i-viza-vo-avstralija/" target="blank" ] ПРОВЕРЕТЕ: Ако се наоѓате на оваа листа веднаш добивате работа и ВИЗА во Австралија![/button]

Падот на извозот во тие три месеци одзел од бруто домашниот производ 0,2 проценти, но тоа го надоместила поголемата потрошувачка од владините политики, при што јавните вложувања забележале скок од 15,5 отсто во однос на првиот квартал.

Австралискиот долар, кој порасна во пресрет на објавата на овие податоци, благо паднал после соопштението на министерството на 76,58 американски центи, но набрзо се опоравил.

Централната банка на Австралија ги задржа каматните стапки на рекордно ниски 1,50 отсто, после две намалувања во последните четири месеци во обид да ја поттикнат забавената инфлација, бидејќи економијата се наоѓа во процес на транзиција на раст кој нема да се потпира на вложувањата во производството на сировини.

Слично

Поврзани вести