Земја од Јужна Америка го зголеми минималецот за скоро 300 отсто
Венецуела е земјата од Јужна Америка која го зголеми минималецот за скоро 300 отсто.
Минималната плата порасна за 298 отсто и ќе изнесува седум милиони боливари (2,5 американски долари). Веста денеска ја соопшти венецуелскиот министер за труд Едуардо Пинате. Венецуелците ќе добиваат и купони за неопходни производи со вкупна вредност од три милиони боливари. Вкупниот месечен минимален доход ќе изнесува 10 милиони болибвари (3,54 долари) сосе оваа помош. Во Венецуела досега минималната плата беше 1,8 милиони боливари (68 центи). Последните години земјата ја тресе економска криза. Се соочија со инфлација. Цените на храната скокнаа при што продавниците остануваа со празни рафтови.
Слично
