ЗЕМЈА, КУЌА И 500 ЕВРА МЕСЕЧНО: Грчки остров бара нови жители
Грците даваат земја, куќа и 500 евра секој месец за луѓето кои сакаат да се преселат на нивен остров.
Семејствата кои ќе одлучат да се преселат во Антикитера добиваат месечна поддршка од 500 евра во период од три години, со обезбедена куќа и земјиште, што го прави нивниот нов почеток речиси бесплатен. Целта е да се привлечат луѓе кои се подготвени за помирен, побавен ритам на живот, далеку од масовниот туризам.
Антикитера е изолиран остров со диви плажи, стрмни брегови и многу скромна туристичка понуда.
За да ги зачуваат последните преостанати услуги и да ја оживеат заедницата која речиси исчезнува, локалните власти започнаа програма со исклучително поволни услови за идните жители на островот.
foto Wikipedia/Jimmyoneill
Слично
