Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈА КОЈА НЕ ШТЕДИ: Швајцарија ги зголеми средствата за надомест за невработеност

ЗЕМЈА КОЈА НЕ ШТЕДИ: Швајцарија ги зголеми средствата за надомест за невработеност

Швајцарија ги зголеми средствата за надомест за невработеност.

Владата одлучи да издвои дополнителни 14,2 милијарди франци (14,71 милијарди долари) за финансирање на осигурување во случај на невработеност, односно за исплата на надомест за невработеност или скратено работно време.

„Со оглед на тоа што вонредните барања за надомест за скратено работно време на самовработени и луѓе во слична позиција, како и за приправници, истекуваат кон крајот на мај, потребно е таквите барања повторно да бидат регистрирани однапред“, се вели во соопштението на Владата.

Целта е да им се помогне на што повеќе луѓе. 

Ширум светот расте бројот на невработени. 

Коронавирусот ќе доведе до тоа 60 милиони луѓе во светот да живеат во крајна сиромаштија.

Дефиницијата на Светска банка, говори дека „екстремна сиромаштија“ e да се живее со помалку од 1,90 долари по човек дневно.

Слично

Поврзани вести