Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земја каде платите ќе се зголемат за 300%

Земја каде платите ќе се зголемат за 300%

Долниот дом на Парламентот во Романија со мнозинство гласови го донесе Законот за зголемување на платите во јавниот сектор до јануари 2018 година. 

Месечната плата на најдобрите лекари во 2018 година наместо досегашните 1.000 евра ќе биде 2.700 евра, а медицинските сестри наместо 530 евра, ќе добиваат плати од 900 евра.

Платите на некои професори ќе бидат зголемени за 100% и тоа зголемување ќе биде направено од 2018 до 2022 година.

Зголемување на платите, според новиот закон, кој допрва треба да го одбори претседателот на Романија Клаус Јоханис, ќе има за 1,2 милиони државни службеници. Како што пренесе агенцијата Франс прес, оваа операција на романската влада ќе чини скоро 10 милијарди евра во наредните 5 години.

Еврооската комисија неодамна го предупреди Букурешт да не ги зголемува платите, а Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека сукцесивното кратење на даноците во изминатите 2 години значително ги намалило државните приходи. 

Законот е усвоен и покрај противењата на Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд.

Слично

Поврзани вести