Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земан жали што нема организирани посети на чешки гости во Македонија

Земан жали што нема организирани посети на чешки гости во Македонија

Чешкиот претседател Милош Земан жали што во моментов нема организирани туристички посети на чешки гости во нашата држава, затоа што тој е одушевен од убавините на Охрид и Македонија.

„Македонија е прекрасна земја, а доколку се има предвид дека туризмот е индустрија, тука постои празнина што треба да се пополни“ - рече тој.

Добрите пријателски односи меѓу Македонија и Чешка треба да ги следат и бизнис-заедниците на двете држави, изјави денеска на Македонско-чешкиот бизнис форум што се одржува во Охрид претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Значајна за двете земји е соработката во енергетскиот сектор, рударството, обновливите ресурси, развојот на малите хидроцентрали, ветерните електрани, сончевата енергија и геотермалните технологии.

„Посебен интерес постои и во областа на металната и електроиндустријата, во автомобилската индустрија за поврзување на македонските производители со чешки компании, хемиската индустрија, животната средина, земјоделството, прехрамбената индустрија и туризмот“ - вели Иванов.

Земан зборуваше и за недоволно искористените можности за чешки инвестиции во Македонија. Смета дека тоа е пропуст на двете држави и наведе примери на административни и бирократски пречки.

Иванов на Земан вчера му го врачи највисокото државно одликување  на Република Македонија, Орденот „8 септември“, како израз на благодарност до него лично, но и и до чешкиот народ  и држава, и до сите претходни чешки лидери за сета досегашна поддршка и помош.

Слично

Поврзани вести