Земан со почит за начинот на кој земјава се справи со бегалската криза
Република Македонија направи многу кога станува збор за справувањето со предизвиците наметнати со бегалската криза, дури и многу повеќе отколку некои држави членки на Европската унија, изјави претседателот на Чешката Република, Милош Земан денеска во Охрид, по средбата со претседателот Ѓорѓе Иванов.
Тој изрази почит за начинот на кој македонскиот народ се справи мигрантската криза, притоа бранејќи ја не само својата туку и границата на Европа.
„Нашиот став е дека Република Македонија покажа далеку поголема одважност од некои од државите членки на ЕУ и НАТО и оттаму сакам да ја изразам потполната поддршка на Република Македонија за нејзина целосна евроатлантска интеграција“ - изјави Земан.
Иванов ја истакнал потребата од глобален и координиран ангажман и засилена соработка меѓу државите при справувањето со сите новонастанати предизвици, особено на безбедносните ризици и закани.
Тој се заблагодари за помошта од чешките полицајци и помошта во опрема за контрола на границата.
