Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земаат високи плати и тоа за нив е проблем

Земаат високи плати и тоа за нив е проблем

Финските синдикати тврдат дека високите плати во оваа земја претставуваат проблем на конкурентноста на стопанството.

Мати Матила, претседателот на Конфедерацијата на финската идустрија објасни дека платите на вработените во оваа земја се за 10 до 15% поголеми во однос на некои други развиени земји на Европската унија.

Тој додаде дека Финска мора да продолжи со политиката на умерени плати и да ги преземе потребните мерки за да ги намали трошоците на трудот за да фати чекор со клучните ривали, како што се Германија и Шведска.

На неговата изјава бурно реагираа опозициските политичари, па така лидерот на финската Зелена партија Виле Нинисто изјави дека Матила заработува 70 отсто повеќе од просечниот фински работник и го нарече алчен.

Сепак, одредени синдикати предупредуваат дека политиката на умереност на платите би можела дополнително да го искомплицира претстојниот круг на колективни преговори во одредени сектори.

И аналитичарите сметаат дека барањата за пониски плати се премногу наивен пристап со кој се промовира духот на соработка, затоа што тоа може да има негативно влијание врз развојот на економијата во Финска. 

Минатото лето работничките организации и синдикати се согласија на продолжено работно време, „замрзнување“ на платите и помали годишни одмори, а во исто време пораснаа износите кои мора да ги плаќаат за разните социјални услуги што ги пружа државата.

Слично

Поврзани вести