ОВА ЗЕМА ЗАМАВ: Koлку доктори на науки и магистри си заминале од Македонија?
Се зголемува бројот на доктори на науки и магистри кои ја напуштаат Македонија. Ако ги споредиме податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), тие покажуваат дека последниве години има поголем број на магистри и доктори на науки кои се иселуваат. Претходно имало години кога бројот на иселени доктори на науки и магистри бил едноцифрен, а сега е двоцифрен. На пример, во 2016 година се иселил еден доктор на науки и само 2 магистри. Во 2017 година нема иселени магистри, а си заминал само еден доктор на науки. Денес не е така. Многу висококвалификувани кадри си бараат подобра иднина во странство ако следиме по статистиките.

Од агенциите кои посредуваат за вработување во странство велат дека има широк спектар на кадри кои сакаат да одат да работат во европските земји.
„Има граѓани што заминуваат и се нискоквалификувана работна сила, а висококвалификуваните сами си наоѓаат работа или работат во земјава. Голем дел кандидати се со средно образование. Но, се менуваат работите, и тие што се висококвалификувани сакаат да заминат. Секој си бара подобро“, велат од агенцијата Посредник 24 од Скопје.
Нашите сограѓани објаснуваат дека познаваат луѓе од различни професии кои се иселиле, од оние со најниско образование, до луѓе кои се „потковани“ со знаење и работно искуство.
„Има и професори, има и доктори, има и луѓе што имаа добри примања, а системот не им одговараше и заминаа“, вели делчевец.

Во 2024 година од Македонија се иселиле 12 доктори на науки, 31 магистер, со висока школа биле 96 луѓе, со виша биле 40, со средно училиште 613 луѓе, со основно 240, додека со непотполно основно биле 92, а без училиште биле 124 луѓе, додека за 228 луѓе овој податок е непознат.

Во 2023 година си заминале 10 доктори на науки, 35 магистри, со висока школа биле 132, со виша биле 38, со средно биле 614, со основно 179 луѓе, со непотополно основно биле 82, а без иучилиште биле 160 луѓе. Непознато е образованието на 784 луѓе кои се отселиле од Македонија.
Во 2022 година непознато е образованието на 568 луѓе, со докторат се 13, со магистратура биле 49, со висока школа биле 161, со виша школа биле 52, со средно биле 605 луѓе, со основно биле 221, со некомплетно основно биле 92, а без образование биле 140 луѓе.
Претходно е соопштено дека за десет години над 25.000 високообразовани кадри се иселиле од Македонија.
Нашата земја се најде меѓу првите 20 со емиграција на високобразовните и стручни кадри, а на петто место во рамки на Европската Унија(ЕУ).
Сања Атанасовска