Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зема замав бројот на работни места во еврозоната

Зема замав бројот на работни места во еврозоната

Економијата на еврозоната во мај порасна со најбрзо темпо во последните шест години. 

Ова се случува поради најголемото отворање на нови работни места во Европа во последните 10 години. 

Композитниот индекс на менаџери за набавка ПМИ, за еврозоната во мај изнесувал 56,8 поени, што е непроменето во однос на април, кога исто така беше регистриран најдобар ПМИ во шест години. Ова се гледа од податоците на лондонската компанија Маркит. 

Инфлацијата во еврозоната се забрза до 1,9% во април, малку под целта на Европската централна банка, и покрај континуираната несигурност во однос на „Брегзит“ и резултатите од француските избори, пренесува AФП.

Податоците покажуваат за нагло забрзување од 1,5% во март, и повисоко од прогнозираните 1,8% од аналитичарите на компанијата Factset.

Слично

Поврзани вести