Железничка несреќа во Белград, има повредени
Српските медиуми јавуваат дека најмалку 15 лица се повредени при судир на воз и товарна машина во белградската населба Рипањ.
Мирко Лутовац, портпаролот на Брзата помош за Танјуг, изјави дека на терен се два лекарски и еден транспортен тим, а според тврдењата на медиумите, ниту еден од повредените не е во животна опасност.
Полицијата е на терен, а железничкиот сообраќај во тој дел е во прекин
Слично
