Економија, финансии, бизнис

Контакт

Железничарите штрајкуваат поради неисплатена втора половина од септемвриската плата

Железничарите штрајкуваат поради неисплатена втора половина од септемвриската плата

Утрово не тргнаа четири патнички и два товарни воза.

Машиновозачите и персоналот во железници почна штрајк, поради неисплатена втора половина од септемвриската плата. Раководството ветило дека до петок, 29 октомври вработените ќе ги добијат парите, но тоа не се случило. 

„Досега првиот дел го добивавме во зависност од средствата како ќе легнат на сметка. Како ќе ги соберат парите, некогаш 15 – ти, некогаш 20 – ти, така да до 30 – ти го исплаќаа вториот дел. Меѓутоа, овој месец, а и пред два месеци застанавме делумно, но овој месец немаат пари“, изјави Душко Чакаровски, од Независниот  синдикат на машинскиот персонал.

Ако железничарите до 26-ти во месецот не ги добијат парите,  предупредија дека секој месец ќе има прекин во сообраќајот.

Слично

Поврзани вести