Зелено светло: Јанева ќе добие 1 милион евра за работа!
Еден милион евра ќе добие специјалната обвинителка Катица Јанева за изведување на нејзината работа.
Пратениците и собраниската комисија на денешната седница и дадоа Зелено светло за буџетот што таа го побара и истиот без образложение и реплики на пратениците беше одобрен.
Според она што е објавено во извештајот Катица вели дека тие пари и се потребни нејзе и на нејзиниот тим за плати, истрага, за стручни и надворешни соработници, истражители, како и за трошоци за патувања и истраги во странски земји, кои беа спомнати во неколку аудио снимки од објавените прислушувани разговори, бидејќи целата работа не може да се врши само од канцеларија.
Во извештајот уште се додава дека парите се проектирани како неопходни за Јавниот обвинител да ја изврши оваа, во моментот најодговорна функција во Република Македонија.
Сепак, се'уште преполовениот тим ја кочи работата на Катица
На Катица Јанева доста и се 7 обвинители за 30 предмети, е ставот на нејзините колеги кои треба да и дадат амин за конституирање на потребниот тим.
Претседателот Петар Аневски вели дека нема намера да закаже седница за барањето на специјалната обвинителка.
Јанева во писмото бара обвинителите да бидат избрани што поскоро бидејќи роковите за почеток на нејзината работа поминуваат и одеднаш ќе мора да се работат многу по број но и обемени предмети.
Според пресметките на Аневски , сега за сега Јанева има доволно кадар, ако тој и неговиот тим со тек на време одлучат дека им треба повеќе, тие ќе се состанат и ќе и одобрат.
Тука се поставува прашањето, прво, дали ако колегите на Аневски и досега беа толку ревносни во исполнувањето на работните обврски ќе требаше да се формира новата институција Специјален јавен обвинител. Второ, ако досега колегите на Аневски ревносно си ја вршеа работата ќе имаше „мрак“ во делот на покренувањето на обвиненија од случајот „Пуч“. И трето, ако досега колегите на Аневски беа навистина толку загрижени за својата професија и за обвинителите кој работат во Обвинителството немаше да дозволат и партијата која е на власт, да мора да признае дека Обвинителството не си ја врши работата и затоа и тие со потписот во Пржино бараат формирање на Специјален тин на обвинители.
Значи Аневски е повеќе од кабаетлија и воопште не е во ситуацијата да се става над Пржинскиот договор, кој е пред се предизвикан токму поради ноншалантниот однос на обвинителството кон се она што се случуваше во државата последните десетина месеци.
Изборот на обвинителите на Јанева го следи и мисијата на ОБСЕ. Од таму велат дека засега немаат мандат да ја следат нејзината работа, но додека не се избере целиот тим ќе присуствуваат на сите седници на Советот.
