Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зелените покриви го намалуваат загадувањето во воздухот

Зелените покриви го намалуваат загадувањето во воздухот
Покривите со вегетација ја подобруваат климата и овозможуваат околу 30 отсто помала потрошувачка на енергија за греење и ладење на домот, а го продолжуваат векот на траење на покривот, бидејќи го заштитуваат од штетно ултравиолетово зрачење Потребата да се заштеди енергија и да се намали загадувањето во воздухот се главните причини за да размислуваат македонските граѓани сѐ почесто за енергетската ефикасност. Со брзата урбанизација и изградба на сѐ повеќе згради се гледаат само бетон и асфалт, а се губат зеленилото и чистиот воздух. Со изградба на зелени покриви на комерцијални и станбени објекти, кои повеќе личат на градини и паркови, може да се врати загубената зелена површина во градот и на тој начин да се добие поеколошка средина. Ако некогаш зелените покриви беа луксуз, сега на нив се гледа како потреба, велат архитектите и урбанистите. Од компанијата „Зепекомак“, претставник на „Зинко“ во Македонија потенцираат дека зелените покриви се пример за подигнување на енергетската ефикасност. - Зелените покриви ни даваат големи придобивки во развојот на животната средина како еколошки бенефиции, економски бенефиции и намалување на трошоците за електрична енергија - енергетска ефикасност – објаснуваат од компанијата „Зепекомак“. Концептот за зелените покриви станува сѐ попопуларен во светот, но кај нас сѐ уште не е развиена свеста за овој тип на енергетска ефикасност и потребно е да се поттикнат Македонците преку кампањи. krovni-gradini - Ние се обидуваме преку разни презентации и предавања што повеќе да ја прошириме идејата меѓу граѓаните за секоја рамна бетонска површина да се преобрази во зелена користејќи ги системите за зелен покрив – вели претставникот од „Зепекомак“. Според команијата, зелените покриви ја подобруваат климата, се намалува прашината, се задржува водата при врнежи, се подобрува и звучната изолација, се чувствува разлика во воздухот што се дише. - Исто така тие овозможуваат околу 30 отсто помала потрошувачка на енергија за греење и ладење на домот под нив, а го продолжуваат векот на траење на покривот, бидејќи го заштитуваат од штетно ултравиолетово зрачење – појаснуваат од „Зепекомак“. Компанијата од 2005 година, па сѐ досега има искуство во изградба на вакви покриви на неколку згради и индивидуални куќи во Македонија.   Архитектот Никола Велковски вели дека покривите со вегетација се многу корисни за животната средина и се иновативни решенија, но се скапи и затоа не се барани, а најлесни за одржување и најевтини се косите покриви и затоа инвеститорите ги бараат нив. - Зелените покриви се одржлив концепт како дел од зелената архитектура и ја намалуваат потрошувачката на енергија – објаснува Велковски. Halkbank-slika-zelen-pokriv Според него, со овие покриви микроклимата околу зградата се подобрува, бидејќи вегетацијата го намалува загревањето на покривот. Генерално зелените покриви се класифицираат во две класи - интензивни и екстензивни зелени покриви. Целта на екстензивните е да има мала и природна вегетација на покривот, која бара најминимална грижа, додека кај интензивните има можност за разновидни дизајни од растенија и дрвја, па и создавање градина доколку инфраструктурата го дозволува тоа. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести