Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕНЧУКОТ ПОСКАПЕЛ ВО МАЈ: Еве што објави статистика

ЗЕЛЕНЧУКОТ ПОСКАПЕЛ ВО МАЈ: Еве што објави статистика

Во мај годинава најмногу поскапел зеленчукот. Цените во земјоделството во мај 2025 година во однос на мај 2024 година пораснале за: 12,7 отсто кај растителното производство и 6,7 отсто кај добиточното производство. 

Цените во земјоделството во мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 2,1 oтсто кај инпутот и за 11,0 отсто кај аутпутот, објави Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Индексот на цените во земјоделството во мај 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е 102.1 кај инпутот и 111.0 кај аутпутот.

Во мај 2025 година, во споредба со мај 2024 година, индексот на цените на 
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 107.6.

Во делот аутпут, во мај 2025 година, во споредба со мај 2024 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 112.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 106.7.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести