Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зелен картон само во Македонија, Босна, Албанија и Косово

Зелен картон само во Македонија, Босна, Албанија и Косово
Македонија е една од последните држави во регионот каде се уште треба да се вади зелен картон за патување во странство. Во Евро­па, освен Ма­ке­до­ни­ја, мул­ти­ла­те­рал­на­та спо­год­ба за оси­гу­ру­ва­ње, со ко­ја гра­ѓа­ни­те ќе би­дат ос­ло­бо­де­ни од об­вр­ска­та по­себ­но да ва­дат и пла­ќа­ат за зе­лен кар­тон ја не­ма­ат пот­пи­ша­но са­мо уште Б и Х, Ал­ба­ни­ја и Ко­со­во. За да се ста­не член­ка на Мул­ти­ла­те­рал­на­та спо­год­ба не е по­треб­но да се би­де член­ка на ЕУ, но земјава тоа се уште го нема направено. Доколку тоа се стори, спо­ред прес­ме­тки­те, целата операција за патување во странство многу ќе поевтини. Сега возачите плаќаат 100 евра за авто­од­го­вор­ност, плус 60 или 90 евра за го­ди­шен зе­лен кар­тон, а доколку сме потписници на декларацијата вкупната сума би била 135 евра годишно, што би се плаќало при самата регистрација. Проблемот на Македонија стана поизразен летово што измина би­деј­ќи од оваа го­ди­на пот­пис­ник на спо­год­ба­та е и Ср­би­ја, а неј­зи­ни­те др­жав­ја­ни се нај­број­ни­те што тран­зи­ти­ра­ат низ Ма­ке­до­ни­ја, најчесто кога патуваат за Грција на одмор. Се проценува дека има  око­лу 1,5 ми­ли­он, патници од Србија кои транзитираат низ земјава. Сега тие мора да вадат зелен картон само за да минат низ Македонија, поради што тие сега бараат алтернативни начини за транзит кон Грција, и тоа најчесто го прават преку Бугарија.  
Слично

Поврзани вести