Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕЛЕН КАРТОН: Колку би чинел доколку се врати старото законско решение?

ЗЕЛЕН КАРТОН: Колку би чинел доколку се врати старото законско решение?
Како што Фактор веќе објави во тек се анализи, дали Зелениот картон што се издава за возила со кои се патува во странство, ќе важи како досега цела година, односно до регистрација, или пак ќе се вратат делови од старото законско решение со кое Зелен картон можеше да се вади и за еден месец, три месеци и шест месеци. Анализита на министертсвото за финансии ќе треба да покажат дали одлуката ќе биде донесена, иако во Владата постоело расположение за вакво нешто. Сепак, клучниот збор ќе го имаат експертите во министерството. Ццената на зелениот картон порано се движеше од 40 евра за 1 месец до 150 евра за една година. Сега цената е 90 евра за цела година, односно 60 евра за возилата со мотор послаб од 90 KS. Во некои земји пак функционира систем во кој премијата за осигурување на возилата за патување во странство се плаќа плаќа при регистрацијата на сите возила. Тогаш неговата цена би била поевтина, но би ја плаќале сите сопственици на возило без разлика дали патуваат надвор.
Слично

Поврзани вести