Економија, финансии, бизнис

Контакт

Желбата на Ципрас е Македонија да го испочитува договорот

Желбата на Ципрас е Македонија да го испочитува договорот

Премиерот на Грција посакува Македонија да ги исполни обврските и да го испочитува договорот на кој во Преспа потпис ставија министрите за надворешни работи на Маледонија и Грција.

Алексис Ципрас според пишувањата на МИА како одговор на прашањето за контрадикторните сфаќања кои ги имаат со Панос Каменос за договорот , на прес конференција од Брисел кажал дека е потребно „соседната земја да ги исполни обврските од Договорот, а потоа, во јануари, февруари, ќе разговараме со коалицискит партнер за да видиме како ќе го придвижиме процесот“.

Ципрас рекол дека посакува Македонија да ги исполни обврските, а зборувал и за „историска интервенција“ .

„Јас лично посакувам договорот да успее затоа што е историска интервенција што ги решава долгогодишни проблеми во нашата надворешна политика, а кога ќе успее, во некој момент во јануари, февруари, тогаш ќе разговараме со коалицискиот партнер за да видиме како ќе го придвижиме процесот, онака како што се предвидени обврските од самиот Договор“, кажал Ципрас.

Слично

Поврзани вести