Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зеколи Шаќири: Исплатени платите за Пошта, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт

Зеколи Шаќири: Исплатени платите за Пошта, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт

Калтрина Зеколи Шаќири, заменик министерката за транспорт, денеска објави дека по вработените во Пошта и Железници Инфраструктура, платата била исплатена и за Железници Транспорт.

Од Министерството за транспорт веќе објавија дека од следниот месец нема да има проблеми за редовна исплата на плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот.

„По неколкумесечни доцнења, веќе нема да има проблеми со платите. Вест што носи радост за 4.400 семејства кои конечно го добиваат она што го заслужуваат за нивната напорна работа. Ние како Влада сме посветени на секој вработен да го дадеме она што го заслужува, исполнувајќи една многу важна обврска.

Несериозноста на претходната Влада не натера денеска да ги имаме овие резултати. Тие не ја земаа предвид важноста на платата на вработените. Но, веднаш донесовме одлука да ја вратиме стабилноста и да се осигураме дека таквата ситуација никогаш нема да се повтори.

Секако треба да се заблагодариме и на раководството на Пошта, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт. Тие направија одлична работа во решавањето на овој проблем. Сепак, уверуваме дека тие што дозволија оваа ситуација да се случи нема да останат неказнети. Наскоро ќе започнат истраги и дефинитивно ќе има одговорност“, објави Зеколи Шаќири.


Слично

Поврзани вести