Зеколи: ДУИ го критикува Иванов, а му ќути на Груевски!
Зошто ДУИ е толку жестоко против Претседателот Иванов? Кои се тие прашања за кои актуелниот Претседател се разликува од премиерот Груевски? Таа неизбалансирана отворена критика до Иванов, а под целосен молк кон постапките на Груевски со што ДУИ е ставена во вазалска зависност, ми дава за право да се сомневам дека станува збор за класична манипулација кога се инсценираат инциденти или создава привид за криза во владината коалиција, оценува Арсим Зеколи во интревју за Фактор.
Зеколи е актуелен колумнист и активен полемичар во ТВ дебати и преку својот фејсбук профил. Во биографијата пишува дека е роден во Сухарека, Косово, во 1966 година, и дека кусо време имал кариера како новинар, по што работел во канцеларијата на УНМИК во Скопје, Националниот демократски институт и во УНПРЕДЕП. Завршил историја на уметност и археологија на Универзитетот "Свети Кирил и Методиј", каде во моментов е на постдипломски студии по меѓународно право. Тој беше македонски амабасадор во ОБСЕ во Виена. Сега е остар кртичар на некои партиски политики и постапки на лидерот Али Ахмети, забележувајки му дека е „заробеник на политиката на евроатланска изолација што ја води Груевски“.
Фактор: Македонија е (само)блокирана на патот кон евроатланската интеграција. Не успеа дипломатската иницијативност на Ахмети, расте патриотската мобилизација кај Груевски. Што е во прашање - загубено време или изгубен пат?
А.Зеколи: Мислам дека станува збор за поигрување и манипулација со можностите и добрата волја која постоеше во последните неколку години. Периодот во кој наместо да се употребат сите сили за да се направи придвижување кон Брисел, како кај ВМРО-ДПМНЕ, така и во ДУИ темата „евроатлански интеграции“ се користи за манупулација со граѓаните и прибирање на тесно политички поени, наспроти реалните државни приоритети. Сосема е јасно дека тандемот Груевски - Ахмети нема никаква желба за приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ, туку станува збор само за декларативна нивна заложба.
Евентуалното отворање на преговорите со Грција на извесен начин ги стави пред ризик позициите на двете владејачки партии на домашната политичка сцена. Во овој момент таа ситуација станува уште подепресивна и закочена во пресрет на престојните европски избори. Духот кој во овој момент претежно во Унијата е обоен со десничарски и изолационистички политики на евроспките парти., Второ, изјавата на поранешниот амбасадор на САД во НАТО за реалниот недостатог на волја за проширување на Алијансата покажува дека Груевски и Ахмети за тесно партиски интереси ја прокоцкаа шансата за реализација на евроатланска ориентација.
Фактор: Дали претседателските избори ке бидат тест за надворешно-политичката ориентација на Македонија? Како ги оценувате идеите за нова институционална југосфера или мини „ЕУ на Балканот?
А. Зеколи: Сите тие идеи што се појавуваат се во рамките на безидејноста како да се реализираат интеграциите во ЕУ и НАТО. Двете партии се обидуваат да дејствуваат на начин што создаваат некаква алтернатива со која треба да ги јакнаат симпатиите кон Русија или приближување на политиките со Анкара. Тоа секогаш се прави под некаков изговор за традиционални, духовни, историски, релегиски или етнички врски. Но наклонетоста на овие партии за соработка со Истокот е всушност израз на стравот и не подготвеноста да се сорабтува со ЕУ и САД кога станува збор за борба против корупција, криминалот, слободата на изразување, развивање на демократските процеси и човекови права, што се предуслов за зачленување во ЕУ или во НАТО, но и за сериозни и темелни реформски потези во самата земја.
Фактор: Како ги толкувате најавите од ДУИ дека тие би можеле да донесат одлука да ги бојкотираат овие и сите наредни избори, доколку не се почитува нивното барање за консензуaлен канидат за шеф на државата?
А. Зеколи: Што се однесува до најавата за бојкот тоа би било прифатливо доколку е тоа во рамките на една политичка игра на нудење или условување меѓусебно меѓу партиите. Но што се однесува на вториот дел од вашето прашање за перманентно бојкотирање на претседателските избори во најмала рака е бизарно. Дотолку повеќе што останува нејасно за која понуда зборува ДУИ, кога oд нивниот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ многу јасно порачаa оти тие кандидатот ќе го избираат на Конвенција на партијата на 1-ви март. Она што е нејасно е зошто условувањето на ДУИ исклучиво е адресирано до колиционен партнер, до ВМРО-ДПМНЕ и зошто таков услов не e постaвен до опозицијата, до ДПА или до СДСМ. Ахмети не се изјасни ниту за предлогот на Мендух Тачи за некакво консензуално настапување на двете партии со заеднички кандидат од албанската заедница и политички фактор.
Фактор: Како го оценувате барањето на ДУИ за „консензуален кандидат“ за Претседател? Се (ре)афирмираат идеите за Потпредседател на државата по етнички клуч.
А.Зеколи: За се треба да се дискутира отворено. Но за жал начинот на кој ДУИ настапува во јавноста е монолошки. Тие ги искажуваат своите ставови но од друга страна кај нив нема подготвеност преку поширок дијалог и дебата да ги слушне спротивните размислуавња.
Кој и да биде кандидиран за Претседател, без оглед дали тоа ќе биде Иванов или некоја нова личност од ВМРО-ДПМНЕ, не остава простор за некаков оптимизам дека во блиска иднина нешто позитивно-радикално ќе се промени во надворешната политика на земјата која се повеќе се наоѓа во фаза на самоизолација..
Фактор: Може ли барањето за консензуален претседател или избор на потпретседател на државата по етнички клуч да ја отвори потребата од уставни измени и можно ревидирање на Охридскиот договор?
А. Зеколи: Кога имате закочена меѓународната политика, патот кон Брисел е блокиран, кога се повеќе на некој начин сме условени од совладување на економската криза, полека станувате “баруштина”. Во такви услови сите опции се отворени. Постои опасност за внатрешни политички и меѓуетнички турбуленции кои и кога се во рамките на моделот на контролирана дестабилизација, нема да придонесат за некакво подобрување на опшествениот амбиент во кој насекаде и кон секого гледаме непријателски. Не исклучувам дека перманентниот пораст на задолжувањата на Владата, социјалното раслојување, што се повеќе ќе притиска , незадоволството меѓу народот ќе расте и верувам дека политичарите се повеќе ќе сакаат да исфрлаат вакви пробни балони или преку нив сакаат да го одвлечат вниманието од лошата социјална ситуација во која се наоѓаме.
Фактор: Зошто не може да се реализира изборна мултиетничка партиска коалиција?
А. Зеколи: Мислам дека станува збор за 20 годишно искуство во кое не успеавме да изградиме општество на слободни граѓани. Поради незнаење или несакање, но оваа идеа, како современ „трејд марк“, во двата етнички кампуса, е жртвувана поради флерт со национализмот на двете страни. Тоа се подгрева со стравот кај граѓаните што поттикнува некакво чувство на неизвесност што ќе се случи, дали ќе се згреши, дали лошо ќе се одрази врз поединецот, врз просперитетот во заедничка држава, наспроти етничките условувања или мајоризација. Тоа доминира наспроти универзални вредности кои се немаат промовирано во нашето општество барем во последниве 15 години. И сегашните етнички коалиции во македонскиот кампус е само манипулација да физички да се придобијат гласови и тоа сега се прошири врз целото општество изградено на два паралелни света, што се внатрешно неинтегрирани .
Фактор: Свесно ли се создава политичка криза во услови кога без гласовите од албанската етничката заедница не може се избере идниот шеф на државата?
А. Зеколи: Таа криза се создава, но јас тоа го гледам од реал политички аспект. Секој игра со карта што му е најсилна во таа политичка битка. За ВМРО-ДПМНЕ таа произлегува од статусот на победничка владејачка партија што сега има и огормни финансиски ресурси , потполна контрола врз безбедносните системи, медиумите и можноста за манипулација со националните чувства на Македонците. Од таму се создава чувство на загроза од Грците, Албанците, од Бугарите, од НАТО. Пандан на тоа е манипулацијата од страна на ДУИ со правата на албанците. Но се поставува прашање зошто ДУИ е толку жестоко против Претседателот Иванов? Кои се тие прашања за кои актуелниот Претседател се разликува од премиерот Груевски? Таа неизбалансирана отворена критика до Иванов, а под целосен молк кон постапките на Груевски со што ДУИ е ставена во вазалска зависност, ми дава за право да се сомневам дека станува збор за класична манипулација кога се инсценираат инциденти или создава привид за криза во владината коалиција.
Фактор: Дали овојпат условувањата се навистина сериозни или се работи за уште еден блеф на ДУИ зад кој се крие некаков однапред постигнат договор меѓу Груевски и Ахмети?
А. Зеколи: Мислам дека до 1-ви март се ќе биде во сферата на шпекуалциите, партиски подметнувања, одвлекување на вниманието на гласачите, партиски промоции. Но на 1-ви март ќе мора ќе биде се јасно бидејќи ќе мора во јавноста да се промовират кандидатите. Токму затоа мислам дека и самото одолговлекување од страна на ВМРО-ДПМНЕ со номинација на кандидати како и играта која ја наметна Ахмети за консензуален кандидат за Престедател е всушност купување на време да се биде што поблиску до денот на кампањата, за да се пресретне изненадување од опозицијата со кандидат што би бил реална опасност за владината коалиција
Фактор: Може ли ДПА да биде владин партнер на идната Влада или е на сила неформалниот договор дека учество во коалициона влада е можно само со победник во албанскиот електорат?
А. Зеколи: Мислам дека таа моќ на премиерот Груевски полека станува еден мит што свесно или несвесно го имаат изградено сите политички партии поради сопствената неспособност да настапат со принципиелни ставови или соработка со што би ја загрозиле актуелната политика на ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот е и во владејачката партија, која својот примат го чува со ширење страв и преку корпуција на гласачкото тело. Но во ВМРО-ДПМНЕ нема веќе ниту дух, ниту инспирација,ниту нови идеи, ниту уверливи аргументи во одбрана на преродбата кој и по осум години Македонија ја држи на дното по животен стандард и слободите. Но исто така вината ја гледам и во тесноградите политики во опозиционите партии, како во СДСМ така и во ДПА, каде сеуште нема платформи и победнички дух. Но и ДУИ ќе плати висока цена на својата досегашна зависност од водството на Груевски .
Г.Ч

Слично