Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Зе Пецко!“ е мотото на протестот кој ќе ја потсети власта дека роковите течат

„Зе Пецко!“ е мотото на протестот кој ќе ја потсети власта дека роковите течат

„Шарената револуција“ денеска протест ќе го посвети на стрип-јунакот Пецко.

„Зе Пецко!“ е мотото на протестот кој традиционално почнува пред седиштето на СЈО.

Демонстрантите ќе му оддадат почит на Дарко Марковиќ, Дар-Мар, легендарен карикатурист, сатиричар, филмски режисер, сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер. Тој почина синоќа по тешко и долго боледување. Марковиќ е автор на стрипот со популарниот јунак Пецко што излегува повеќе од 3 децении.

Со протестот демонстрантите сакаат да потсетат дека рокот истекува и до 18 јуни очекуваат исполнување на нивните барања од Владата.

Ckmo2NuWkAA8xPt

„Ослободени се сите наши соборци кои беа во домашен притвор 47 дена. Ова претставува делумно исполнување на едно од двете барања со рок до 18 јуни кои ги поставивме во понеделникот“ - пишуваат на Фејсбук од „Шарена револуција“.

CkmovozXEAAOzlG

Бараат Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да запре прогонот на демонстрантите, односно да се повлечат сите пријави од МВР заради учество во протестите.

Слично

Поврзани вести