Здруженијата се преброија – колку новинари има во Македонија?
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) има 512 члена, а Македонската асоцијација на новинари (МАН) - 440, според податоците што ги доставија до Министерството за информатичко општество и администрација.
Согласно новиот Закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, новинарските здруженија добија обврска податоците за членство да ги достават до ресорното Министерство за да се утврди нивната репрезентативност. Двете најбројни здруженија во државата имаат право да предлагаат по еден член во новата Агенција за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и во Програмскиот совет на МРТ.
Листата на ЗНМ не содржи лични податоци за членовите, поради стравувањата дека таквите податоци можат да бидат злоупотребени, вели претседателот на Здружението Насер Селмани. За МАН нема ништо спорно да се откријат и личните податоци на членовите.
„ЗНМ и јас како претседател на здружението, сносиме одговорност за веродостојноста на доставените податоци но ако Министерството сака уште еднаш да ги провери, може да дојдат во просториите на ЗНМ и да имаат увид во регистарот“, рече Селмани.
Слично
