Економија, финансии, бизнис

Контакт

Здружението за текстилни и кожарски работници сака поголема минимална плата

Здружението за текстилни и кожарски работници сака поголема минимална плата
Здружението за текстилни и кожарски работници од Штип ја поддржаа иницијативата на СДСМ за покачување на минималната плата особено во нивниот сектор стартувајќи од наредната година со идеја скалесто да се зголемува до 16.000 денари кои треба да се постигнат до 2020-та година. - Како здружение би го поздравиле тој закон, само доколку членот два од Законот за минималната плата кој гласи: „Исполнет нормиран учинок“ кој досега беше вклучен во исплата на минималната плата биде отстранет, со тоа да нема манипулација и да бидат исплаќани плати под минималната плата. Исто како здружение на текстилни и кожарски работници, би им укажале на проблемите во текстилната и кожарската индустрија во врска со потребата од синдикати кои ќе се грижат за правата на работниците, лошите услови и злоупотребите од прекувремената работа. - Досега во конфекцијата има синдикати кои земаат членарина, а не водат сметка за работниците. Тоа го покажа истражувањето од терен. Има синдикати во конфекции во Свети Николе, има и во Штип, не би навлегувала во имиња на компании, но сепак има. Синдикатите земаат членарина а работниците се во услови по секое човечко достоинство, што со лоши услови, што со исплата под минимална плата и ред други работи. Го знаеме горливото прашање на текстилните и кожарските работници во Штип и во цела источна Македонија, изјави претставничката на здружението. Зголемувањето на минималната плата е едно од главните предизборни ветувања на СДСМ, па се чека одговор и од владејачката партија.
Слично

Поврзани вести