Економија, финансии, бизнис

Контакт

Здружението на приватни лекари се противи на оставката на Парнаџиева-Змејкова

Здружението на приватни лекари се противи на оставката на Парнаџиева-Змејкова

Откако денеска во пресрет на протестот во кој група граѓани самоиницијативно организирани протестираа и бараа оставка од министерот Тодоров и директорите на ФЗО поради случајот со Тамара Димковска,  двајцата директори Маја Парнаџиева Змејкова и Џемали Мехази си поднесоа оставка од функциите .

Со контра став и не прифаќање на нивните оставки се јави Здружениети на приватни лекари кои нагласуваат дека ќе настанеле катастрофални последици по примарното и приватното здравство.

Здружението на приватни лекари не ја прифаќа оставката на Парнарџиева која со нејзиниот тим добро го раководеле секторот и ги разбирале потребите на лекарите.

- Владата не треба да дозволи оставки да поднесуваат оние кои раководат добро со институциите, изјавила Лилија Чолакова Дервишова.

„Како приватен сектор побаравме централна база на податоци директорката Маја Парнаџиева Змејкова и нејзиниот тим тоа го направија реалност,побаравме електронски пријави и одјави и тоа функционира,побаравме намалување на цените не лековите со цел да бидат подостапни за пациентите и тоа се направи,побаравме режимот на лекови да се промени и тоа се направи. Заедно го правевме критериумот за новите боледувања, ги направивме упатувањата и новиот начин којшто постои од ред две-три години. Затоа сметам дека сите овие работи кои се суштински за приватното и примарното здравство и целокупниот здраствен систем, Македонија и премиерот и Владата не смеат да дозволат луѓето коишто придонесуваат и имаат капацитет да ги изработат работите, да си поднесуваат оставки и да бидат жртви за нешто што не го  направиле“ – потенцира Чолакова Дервишова.

На овој нејзин став се огласи Огнен Јанески, еден од организаторите на денешниот протест и новинар кој им порача на Здружението на приватни лекари да не ја спинуваат состојбата со Маја Парнарџиева Змејкова.

„Токму вие, како приватни лекари, ги гледате најголемиот очај и најголемата болка кај народот. И токму вие, се обидувате да му противречите на народот, кој е бесен на немањето Хипократова заклетва, туку хипокритска!

Особено сум запрепастен од Лилија Чолакова Дервишова, којашто е велешанка, а медиумски ја познавам како борец за правата на приватните лекари! Каде беше да пушта соопштенија и да притиска за да се оперира Тамара, за да се спречи прогресирањето на сколиозата, а и да се спречат белодробните заболувања, кои во ваквите случаи се пропратни проблеми, а поради којшто проблем, сега се обидуваат да ги обвинат родителите за не грижа!!! Срамота!“, напиша Огнен на неговиот Фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести