ЗДРУЖЕНИ СИЛИ: Банки планираат да направат свој биткоин
Четири големи светски банки решија да ги здружат силите како би изработиле нов стандард кој би ги забрзал трансакциите.
Дигиталните криптовалути би можеле да станат иднина на парите-изгледа дека банките дури сега полека ја прифаќаат таа реалност.
Сега четири банкарски гиганти покренале проект како би направиле сопствена криптовалута, заснована на blockchain технологија, како и биткоин.
Швајцарската UBS, германската Дојче банка, британскиот Сантадер и американската Банка Њујорк, ги здружиле силите и сметаат дека новата криптовалута ќе се покрене веќе во почетокот на 2018 година.
Со новата валута значајно би се забрзал протокот на пари меѓу банки, а и заштедите би биле значајни.
Слично
