Здруженијата ја поздравија ревизијата за малите хидроцентрали: Голем дел од нив се нелегални
Организациите Еко-свест и Македонското здружение на млади правници ја поздравија извршената ревизија на Државниот завод за ревизија во врска со искористувањето на водните ресурси за производство на електрична енергија.
Ревизијата откри дека стотина мали централи добиле 41 милион евра повеќе од пазарната вредност на струјата што ја произведуваат, а државата добила многу малку ви буџетот од нивното работење.
„Ние како организации, повеќе години реагираме во врска со сериозните прекршувања во постапките за издавање на концесии. Со тоа, голем број од издадените концесии за малите хидроцентрали се издадени надвор од правната постапка, a се констатираат и серизни прекршувања, што ја доведува во прашање законитоста на нивното постоење“, гласи реакцијата на здруженијата.
Се заклучува дека во извршената ревизија на ДЗР за “Експолоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија“, се утврдени сериозни прекршувања на постапката за издавање на концесии. Стратегиите за развој за енергетиката и за искористување на обновливите извори врз чија основа се издадени најголем дел од концесиите се без стратегиска оцена на влијанието врз животната средина. Комисиите за спроведување на тендерските постапки никогаш не изработувале студии за концесиски проект и не правеле прелиминарна оцена на влијанието врз животната средина, иако тие се законска обврска. За некои од тендерите нема физибилити студија и воопшто нема конечна Одлука за спроведување тендерска постапка. При издавањето на водното право никогаш не е направен преглед на објектите за зафаќање вода, што е исто така законска обврска.
„Извештајот на ДЗР уште еднаш го потврди она што со години го повторуваме: дека комплетн ата постапка за изградба на мали хидроцентрали целосно ги занемарува сите законски обврски за заштита на животната средина, што кулминира со издавањето на елаборатите за малите хидроецентрали без соодветно утврдување на фактичката состојба и влијанието врзсвест. животната средина. Ова доведува до катастрофални последици по животната средина и локалното население.“ изјави Ѓорѓи Митревски, координатор за поддршка на заедниците во Еко-свест.
Овој проблем дополнително се влошува со тоа што инвеститорите ретко се прид ржуваат и до најосновните мерки за заштита согласно елаборатите, недостатокот на капацитети на Државните инспекторати и, несоодветното разграничување на надлежностите на инспекцискиските служби.
Бојан Трпевски од Македонското здружение на млади правници дополни дека „Неспроведувањето на оцена на влијанието врз животната средина при доделувањето концесии за МХЕ дополнително штети на ефикасно реализирање на начелото на учество на јавноста. На овој начин, на граѓаните не им била дадена можност да ги искажат своите ставови при доделувањето концесии за МХЕ, ниту пак институциите можеле ефикасно да го проценат нивното штетно влијание по околината и заштитните мерки кои инвеститорот требало да ги преземе.“
МЗМП најави дека и понатами ќе ги користи сите расположливи правни механизми за заштита на животната средина, но истовремено им нуди на граѓаните и локалните граѓански организации можност за правно советување за овие прашања преку изготвување на правни мислења за конкретна МХЕ.
„Дополнително, согласно наодите од ДЗР, очекуваме и бараме да отпочнат постапки за утврдување на законитоста на постоењето на малите хидроцентрали, но и утврдување на одговорност за ваквото намерно занемарување на сите законски одредби за зашти та на нашите реки“, се вели во реакцијата на организациите.
