Здравството го зема најскапиот данок-човечкиот живот!
Последниве неколку дена македонското здравство се соочува со незапаметени случаи во кои пијани анестезиолози се обвинети за смрт на млада мајка и мртвороденче.
По повод неколкуте смртни случаи низ лавиринтите на болниците ширум земјава од опозициската СДСМ денеска побараа разрешување на Министерот Никола Тодоров.
Од оваа партија побараа одговорност за порблемите и хаосот лиј крае резултат се трагични последици врз пациентите.
Здравствениот систем и нестручното управување си го земаа најскапиот данок-а тоа е човечкиот живот.
„Здравството го достигна дното. Болниците повеќе не се вистински заштитници на здравјето на граѓаните кои се повеќе плаќаат а се добиваат се полоши услови и услуги. Министерот треба да си замине поради лошите политики и заминувањето на лекарите од јавното во приватното здравство“, велат од опозицијата.
Понатаму од оваа партија укажуваат на низа пропусти и рекордот на листата со починати новороденчиња во Европа.
Го обвинија министерот дека мисли само на тендери и дека власта троши многу пари на реклами а помалку за квалитетни лекови и вакцини, порачувајќи дека на земјава и треба министер кој ќе ги реши вистинските проблеми во здравтсвото.
Oд министерството за здравство пак и се заблагодарија на опозицијата и укажаа дека со интерпелација ќе ги покажат постигнатите успеси во здравствениот систем и во кој статус било здравството пред одреден период а како е сега.
