Здравствените работници на штрајк поради реформите во Грција
Голем број здравствени работници денеска излегоа на протест низ улиците на Атина поради реформите во дел од болниците. Имено со новиот владин план вкупно осум болници ќе станат градски центри, што директно ќе влијае врз обемот на нивната работа, а со тоа и врз бројот, стравуваат медицинските работници.
Новините треба да профункционираат во септември, а пациентите веќе се префрлаат во други болници. Вкупно 1.618 вработени во овие болници, меѓу кои и 200 лекари, ќе бидат вклучени во големиот план за реорганизирање на државниот сектор. За почеток во градски центри ќе бидат претворени пет атински болници и три во Солун.
Грчката Влада се обврза до крајот на годинава да испрати 25.000 службеници дома со што им дава 75 проценти од нивните плати за да ги исполни условите на меѓународните кредитори кои бараат да се скрати бројот на вработени во државната администрација.
Слично
