Здравствената состојба на професорите се влошува, Универзитетот на одмор!
Здравствената состојба на троцата професори од Економскиот факултет на Универзитетото „Гоце Делчев“ во Штип се влошува. Веќе осми ден тие штрајкуваат со глад, незадоволни од одлуката за нивно отпуштање што ја донел наставничкиот совет.
Иако на своја страна го имаат решението на Државниот просветен инспекторат, кој исто така утврди пропусти во постапката, професорите велат дека никој по него не постапува.
Ректорот на Универзитетот Саша Митрев за ТВТелма изјавил дека до нив уште не стигнало решението на Просветниот инспекторат, а и да стигне, по него ќе може да се постапува по 7-ми август, односно откако членовите на наставничкиот совет ќе се вратат од одмор. Инспекторатот, пак, во своето решение бара по истото да се постапи најдоцна за осум дена.
„Ние го добивме решението. Не чуди како главниот наредбодавач се уште не го добил за да постапи според него“, вели професорот Александар Костадиновски.
За овој случај утре ќе расправа СОНК на отворена седница, а синдикатот минатата недела најави дека доколку барањата на професорите не се исполнат, не ја исклучува можноста да се приклучи на штрајкот со глад.
Слично
