Здравствен туризам: Бугарија го полни буџетот, дали Македонија доцни?
Се повеќе расте бројот на странски државјани кои одат на лекување во Бугарија, покажуваат резултатите на бугарскиот оддел за здравствен туризам. Статистиката покажува дека и покрај кризата во голабален план здравствениот туризам во Бугарија се развива со исклучително брзо темпо.
Најголем дел од овие туристи се од земјите од ЕУ, на прво место се жителите на Велика Британија, по неа Германците, Италијаните, Ирците, здравствените туристи од Австрија, но и од САД и Русија.
Предноста, оценуваат од бугарскиот оддел за здравствен туризам, на Бугарија пред другите земји се ниските цени на услугите во здравството, брзината и високиот квалитет.
Според Д-р Венцислав Стоев на многу високо ниво во Бугарија се офталмологијата, ортопедијата и целата инванзивна хирургија.
„ Во земја како Бугарија, каде има 234 минерални извори, неверојатно убави прородни богатства и модерни хотели, се уште нема координација во односот на лекувањето на странците. Многу е чудно, затоа што туризмот се развива прогресивно, секоја година доаѓаат се повеќе странци, но само во летото или само во зимата, а здравствениот туризам претпочита посети на лица во текот на целата година.За да се развие дополнително овој вид на туризам, бугарските експерти посочуваат дека е многу вано да се направат редица од законски измени, но и потези од страна на власта за претставување на земјата на меѓународно ниво. Ниските цени на здравствените услуги во Македонија пак ги превлекуваат пациентите од Грција. Стоматологијата како приватен сектор од здраствениот систем е најкористен во пограничните региони. Ако прошетате во Гевгелија или пак во Битола веројатно нема да наидете на стоматолошка ординација на која услугите не се запишани и на грчки јазик. Покрај соседите од Грција, многу често услугите на македонскиот здравствен систем ги користат и жителите на најмладата држава на Балканот – Косово. К.К
Слично
