Здраво, Балканци, не кукајте - жена од Шведска објасни како го чистат снегот таму
Незадоволството од работата на зимските служби на Балканот предизвикува бројни дискусии речиси секоја зима. Граѓаните на социјалните мрежи често ги критикуваат доцнењата во чистењето на снегот, како и неефикасноста на комуналните служби. Иако надлежните институции нагласуваат дека работат во тешки услови, проблемот често е недостатокот на работна сила и механизација, што доведува до побавно чистење на патиштата.
Додека некои граѓани веруваат дека критиките се оправдани, прашањето се поставува сè почесто - дали очекувањата понекогаш се превисоки?
Босанката Лејла, која со години живее во Шведска, објави видео од својата улица покриена со снег, испраќајќи еден вид порака до граѓаните на Балканот кои очекуваат брза интервенција на зимските служби, пишува Блиц.
„Овие луѓе од Балканот кои се жалат“
„Овие луѓе на Балканот кои се жалат дека не им се исчистени три снегулки веднаш... Јас живеам во Шведска и ова е мојата улица, снегот врне веќе четврти ден. Никој овде не ги чисти овие помали улици, не им паѓа на памет. По неколку дена сè се претвора во лизгалиште, подоцна се топи некаде во март - и тоа е тоа. Набавете си добри гуми и возете, ако сакате, ако не сакате - седнете дома“, вели Лејла во видеото.
„Иста е ситуацијата и во Финска.“
Видеото предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, со разни споредби на условите за живот и инфраструктурата помеѓу Балканот и нордиските земји.
„А главните улици и патишта - дали се чистат?“, „Да имаа луѓето на Балканот стандарди како во Шведска, немаше навистина да ни е гајле за снегот“, „Иста е ситуацијата и во Финска, само што тука имаме шајки на гумите па полесно се вози“, се некои од коментарите под објавата.
Видеото на Лејла повторно ја отвори дискусијата за улогата на зимските служби, реалните можности за интервенција во екстремни временски услови, но и за културата на возење и личната одговорност на возачите во текот на зимата.
Бизпортал.рс