Здравко Савевски: Протести ќе има, оти отстапките се ситни!
Хонораците не се откажуваат од најавените протести за петок 13, ниту по најавата дека ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе поднесува нови измени на тукушто донесените закони кои предизвикаа револт кај поголема група граѓани. Хонорарците бараат комплетно повлекување на законските измени, а не само мали отстапки.
„Овие последни измени, што партијата на власт ги најави нема да го намалат револтот и нема да значи дека ќе го спречи протестот што е закажан за петок 13. Ако ВМРО –ДПМНЕ сака да нема протест, мора да ги исполни барањата со кои почнаа протестите, а не да прави ситни отстапки. Времето за ситни отстапки веќе помина, вели за Фактор Здравко Савевски од левичарското здружение Солидарност.
Владата по се изгледа е во паника и гаси пожари што самата ги запали, односно ги предизвика со нивната политика, смета Савевски. Според него, по прекинот на штрајкот на СОНК со, како што вели, незначителни отстапки и со малку поголеми отстапки кон студентите и професорите, сега владата сака на сличен начин да го реши и проблемот со хонорарците.
„Но, кога е некој е во страшна гужва прави и грешки во чекори. Односно, нема отстапки за оние кои се најдиректно засеганти од овие законски измени, а тоа се невработенните, туку отстапките се направени само за вработените, вели Савевски.
Протестите на граѓаните против законските измени се закажани за оваа недела. Односно во петок 13, како симболика дека цриот петок е одраз на тоа колку се е црно во земјата. Новите правила за плаќање на придонеси за хонорарите се сметаат за директен удар врз џебот на ионака осиромашениот народ. Минатата недела, група хонорарци, до министерството за труд и социјална политика, како еден од креаторите на законските измени, доставија прашањата во писмена форма, повикувајќи се на Законот за пристап до информации од јавен карактер.
Што предвидуваат новите измени?
Вработените и пензионерите нема да плаќаат придонеси доколку остваруваат дополнителни приходи на месечно ниво по основ на договор на дело, авторски договор или друг вид на договор, помали од износот на просечната нето плата исплатена воземјава во претходната година согласно податоците на Државниот завод за статистика, а која сега изнесува околу 21.300 денари.
„Овие лица ќе плаќаат придонеси само на износот кој го надминува овој праг од 21.300 денари. Односно, доколку вработено лице или пензионер оствари дополнителен приход од 27.00 денари, ќе плати придонеси само за разликата до просечната плата, односно придонеси ќе плати само за сумата (разликата) од 5.700 денари, стои во објаснувањето испратено до ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку вработено лице има дополнителни приходи по основ на договор кај истиот работодавач или кај правно лице кое е капитално, управувачки и/или роднински поврзано со работодавачот, во тој случај придонеси ќе се плаќаат на целиот износ на приходите остварени по основ на договорот. Од владејачката партија велат дека целта на ова решение е да се спречат евентуални злоупотреби на работодавачи кои ангажираат лица на минимална плата и плаќаат минимални придонеси, а им исплаќаат дополнителни приходи преку договори со што им го скратуваат правото за соодветна пензија.
Додека пак, невработените лица, кои добиваат пари, имаат по основ на договор за дело, авторски договор или друг вид на договор, се ослободени од обврската за плаќање на придонеси до износот на минималната плата утврдена со закон, која сега изнесува 9.590 денари.
„Овие лица ќе плаќаат придонеси само на износот кој го надминува овој праг од 9.590 денари. Односно, доколку невработено лице оствари дополнителен приход по еден од овие основи од 15.000 денари, ќе плати придонеси само на сумата над минималната плата, односно придонеси ќе плати само за сумата (разликата) од 5.410 денари. Ова е со цел да се заштитат интересите на лицата кои до сега се ангажираа по некој од овие основи, но на кои не им се плаќа пензиско и здравствено осигурување, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нема веќе лимит до кој ќе се плаќаат придонесите
Во законското решение кое ќе биде предложено од ВМРО-ДПМНЕ, посочено е дека со цел да се постигне поголема правичност, со измените на Законот се укинува и ограничувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите како по основ на плата, така и по основ на приходи остварени од договори за дело, авторски договори или друг вид на договор со кој е определен надоместок за извршена работа.
Со измените се предвидува дека придонеси ќе се плаќаат само на веќе исплатени хонорари, а не како што беше сега да се платат придонеси и за неисплатени хонорари.Измените ќе стапат на сила веднаш по изгласувањето на законот и ќе имаат ретроактивно дејство, т.е ќе важат и за хонорарие од јануари 2015 година. Ваквите правила кои доправа ќе го гласаат пратениците, се предвидува да важат се до влезот на земјава во ЕУ.
Слично
