Здравко Јосифовски по одлуката на Владата: Угостителите не влијаат за ширењето на Ковид-19
Здравко Јосифовски, претседателот на Независната угостителска комора, денеска реагираше дека угостителите не влијаат на зголемувањето на бројките на позитивни од Ковид-19, по одлуката на Владата од 7 април па во наредните две недели за кафеаните, рестораните, баровите и клубовите да имаат целосна забрана за посетители.
- Се покажа и докажа дека угостителите не влијаат на зголемувањето на бројките. Во изминатите три месеци на Балкано бројките скокаат иако во некои земји во целост се затворени угостителите, вели Јосифовски за ТВ24.
Според Јосифовски, оваа одлука ќе придонесе поголем собир на младите во приватните и затворени простории, каде побрзо се шири болеста.
- Доколку сме ние причинители, самостојно ќе ги затворевме локалите. Има само минимални непочитувања кои не се дел од генералниот број на угостители кои максимално ги почитуваат протоколите, тврди Јосифовски.
Министерот за економија Крешник Бектешиво рече дека ќе следува на поддршка на туристичко-угостителскиот сектор со цел за полесно справување со негативните ефекти од пандемијата.
„ Поддршката ќе продолжи и во наредниот период. Министерството за економија ќе продолжи да креира мерки за поддршка на секторот. Најважно од се во овој момент е здравјето на граѓаните“ напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.
