Економија, финансии, бизнис

Контакт

Здравјето нема цена! Кои се најголемите аптеки, како заработуваат и колку вработуваат?

Здравјето нема цена! Кои се најголемите аптеки, како заработуваат и колку вработуваат?

Аптеките се многу значајна, па можеби и суштинска алка во системот што обезбедува здравствени услуги за населението. Тие не се само компании ориентирани кон профит. Нивна основна работа е да бидат добро снабдени што значи ажурно, навремено и без грешка менаџирање на логистиката за достава на лекови и медикаменти кои се насушна потреба на граѓаните. Веројатно и затоа што бара особена внимателност ова важи за женски бизнис. Овие компании имаат големи приходи, но и многу вработени. Тоа е во природата на нивната дејност. Сепак резултатите покажуваат дека имаат нешто заедничко што наведува на алтруизам. Затоа што профитот не е целта за која не се бираат средства, добивките не се нивен врвен приоритет. Напротив, заработките се ниски дури и многу мали во споредба со остварените приходи. А за воља на вистината вреди да се каже дека се често присутни кога се донира и треба да се помогне. Ова ја потврдува хуманата и алтруистичката нота на овој еснаф, особено во изминативе години кога сите бевме под пресијата на корона вирусот и периодот пост...

Анализата на податоците наведува на генерален заклучок дека бизнисот расте, но и дека постои потенцијал за понатамошен раст на аптекарската дејност.  

Првата поента докажува дека нема значајни поместувања во редоследот на тоа кој е кој на пазарот. На пазарот има три синџири аптеки кои се вон конкуренција за другите аптекарски компании. Тие се: „Зегин Фарм“ кој е убедливо најголем учесник на пазарот и двајцата меѓусебно големи конкуренти „Еурофарм“ од Битола и „Моја аптека“ од Скопје. Сите други се во групата на помали, но важни, за кои висок дострел е приход на годишно ниво кој ја допира границата од 5 милиони евра.

„Зегин Фарм“ е најголемиот синџир аптеки на македонскиот фармацевтски пазар. Компанијата со децении останува најпрепознатлив бренд во снабдувањњето со лекови, медикаменти, медицински помагала, а во поново време и за суплементи, па и козметички продукти и други стоки за широка потрошувачка. Основач на компанијата во најраниот период на пазарната трансформација во Македонија беше Благоја Меџанџиски - Зегин, а од пред неколку години овој голем бизнис успешно го превземаа, водат и развиваат неговите ќерки.

Втората поента покажува дека на пазарот на лекови и медикаменти има простор за сите. Односно сите рангирани во нашата анализа (критеримот беше приход од најмалку 200 милиони денари) книжат раст на приходите во споредба со претходната 2022 година.

Голема е веројатноста дека во значаен дел приходите да растат заради влијанието на инфлацијата врз малопродажните цени. Во одреден дел растот на приходите е резултат и на зголемената побарувачка за медикаменти, суплементи, лекови и други продукти кои се нудат во аптеките. А забележливо е дека аптеките нудат поширока палета и на продукти за лична хигиена, па и за исхрана.

Третата поента е дека сите рангирани годината ја завршиле со добивка од работењето. Со оглед на тоа дека конкуренцијата во аптекарската дејност е навистина голема и бројна нивните резултати покажуват дека бизнисот е здрав и потенцијалот за раст е голем.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести