Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗДРАВЈЕТО НА ВУЧИЌ Е СЕРИОЗНО НАРУШЕНО – СЕ ОГЛАСИ АНА БРНАБИЌ: „Колку патетичен мора да си за да лажеш за вакво нешто“

ЗДРАВЈЕТО НА ВУЧИЌ Е СЕРИОЗНО НАРУШЕНО – СЕ ОГЛАСИ АНА БРНАБИЌ: „Колку патетичен мора да си за да лажеш за вакво нешто“

Ана Брнабиќ, претседателката на српскиот парламент, на социјалната мрежа „Х“ напиша неколку реченици за здравствената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој денеска итно е примен во Военомедицинскиот центар во Белград откако ја прекина посетата на САД и се врати во Србија бидејќи таму му се слошило.

„Еве колку непланирана беше средбата меѓу претседателот Вучиќ и претседателот Трамп. Колку патетичен мора да си за да лажеш како Понош за вакви работи. И ова покажува колку сериозно е нарушено здравјето на претседателот Вучиќ и колку е нехумано сè што прават сите оние што со нетрпение го очекуваат ова. Засекогаш со Александар Вучиќ! Србија ќе победи!“, напиша Брнабиќ.

Вучиќ слета во Белград денеска пладне, откако беше одлучено итно да се заврши неговата посета на САД поради неговата здравствена состојба. Веднаш бил примен на Военомедицинската академија во Белград.

Еден ден претходно, односно вчера ненадејно му се слоши во Флорида каде веднаш побарал лекарска помош и одлучил да ја прекине посетата на САД.

фото: Х

Слично

Поврзани вести