Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Здравје Радово“ презентираше три нови производи

„Здравје Радово“ презентираше три нови производи

Денеска „Млекара Здравје Радово“ презентираше низа нови млечни производи. Со и денес актуелниот детски евергрин „Мамина маза“ во обработка на музичкиот продуцент Александар Митевски и препев на пеачката Андријана Јаневска  и слоганот „Размазете го вашето семејство“ пред присутните гости беа промовирани новите млечни намази.

Новите млечни намази „Маза“ засега со три млечни вкусови и тоа млечен намаз, топено сирење и за прв пат на македонскиот пазар и на балканскиот регион е чоколадниот намаз кои веќе се дистрибуирани на полиците ширум Македонија.

Беше официјално претставена и новата кампања на „Млекара Здравје Радово“, 100% македонска млекара и 100% македонска музика но и официјалната продажба на новите млечни производи под слоганот „Маза“ кои го збогатуваат и онака богатото потрфолио на производи на млакарата која е најголем откупувач на сирово млеко од македонските партнери.

-Новите намази се освежување на македонскиот пазар. „Млекара Здравје Радово“ со оваа палета на производи од овој сегмент го збогати и е еден од лидерите на овој пазар и со оваа иницијатива со овој автентичен продукт од нашето најдобро млеко од македонија произведено во даннска технологија, изјави Милка Исјановска, маркетинг директор на Здравје Радово.

„Млекара Здравје Радово“ слободно можеме да кажеме дека е најголемиот откупувач на сирово млеко од македонските фармери и фарми.

Имено Млекарницата Здравје Радово поседува четири производни капацитети, два во Струмица, еден во Куманово и еден во Скопје и голем дистрибутивен центар во главниот град, како и во Куманово, Струмица и Битола, соработува со повеќе од 2000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, како што се ЗИК Пелагонија, ЗСК Струмица и др.

И.Р

Слично

Поврзани вести