Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Здравје на игла не влегува“ – родители со протестно писмо за вакцините

„Здравје на игла не влегува“ – родители со протестно писмо за вакцините
Дел од родителите кои стравуваат од вакцинирањето на своите деца поради можните компликации по нивното здравје со протестно писмо се обратија до координаторката за имунизација д-р Јованка Костовска од Министерството за здравство и уште еднаш апелираат надлежните сериозно да размислат пред да донесуваат одлуки и со закон да ги обврзуваат родителите да ги вакцинираат своите деца. Тие се повикуваат на стручни анализи и извадоци на официјални страници на произведувачот на дел од вакцините, а во кои директно ги посочуваат можните болести кои настануваат како контраиндикации од вакцините по здравјето на децата.
„Веруваме ќе се сложите во ФАКТОТ дека медицината не е ниту оддалеку ДОГМАТСКА наука туку многу спротивно еволутивна со нови сознанија и научни докази без претерување со секој поминат ден. Следствено, доколку не можете од било кои причини да работите на вашата доедукација, ве замолуваме тогаш во иднина да ги изоставите СИТЕ ваши појавувања во македонската јавност од гореспоменатите причини. За навредата на македонските родители кои за жал на своја кожа ги почувствувале несаканите реакции од вакцините, многу од нив и со кобен крај, е тотално надвор од дискусија и на целата македонска јавност и должите опширен елаборат како тоа ги прибравте тие статистички податоци кога до 2010 год пред донесувањето на правилникот за вакцинација во здравствените картони НЕМАШЕ ниту графа за пријавување на било какви нуспојави од вакцините“, велат во писмото дел од родителите .
Тие минатата недела својот став против вакцинирањето го изразија на прес конференција за медиумите, а на 27 јануари до Уставниот суд на Македонија поднесоа и иницијатива која треба да ја преиспита уставноста на задолжителната вакцинација на децата. Родителите во продолжение на писмото велат дека делот со свеста на европските граѓани и вакцинацијата е многу конфузен и повикуваат надлежните да си го доелаборираат ставот пред јавноста.
„Се укажа на примерот на Италија, која пред 10 години од задолжителна премина кон препорачана имунизација и со тоа го намали опфатот на населението, а за да имаме мирна епидемиолошка состојба и да не ни се вратат некои болести кои се веќе искорените, се вели опфатот со имунизацијата треба да биде над 95 проценти. Повторно уште еден фрапантен лапсус! И што се случи со Италија некако магично пропуштивте да кажете, баш многу ја интересира македонската јавност... ама баш ништо - никој не слушнал, а ниту видел епидемија од било која заразна болест откако Италија здраворазумски го укина законот за задолжителното вакцинирање кај споствените граѓани!“, реагираат родителите вклучени во иницијативата.
Според нив, во статистиката на здравствените власти никаде не се споменува Индија која по масовната полио вакцинација во 2011 година добила и епидемија од полио со близу 47 000 деца заболени од вакцина индуциран полио вирус. Родителите инсистираат надлежните да го најдат ревизорскиот извештај од 2009 година за неправилните услови за транспорт на вакцините во Македонија, посочувајќи го скандалот од 2001 година со набавката на вакцини со сомнително потекло.
„И на крајот на краиштата, секој родител има една и најсвета должност во неговиот живот, а тоа е да се грижи беспрекорно за своите деца. Законот за задолжителна вакцинација е неправеден, неетички и неразумен. За правото на избор е дури и апсурдно да се дискутира посебно за вакви круцијални прашања и е само еден законски остаток од еден тоталитарен систем, а тенденцијата на нашата држава на усогласувањето на нашата регулатива со европската треба да продолжи така што овој закон да е од врвен приоритет“, сметаат дел од родителите.
Слично

Поврзани вести