ЗДЕЛКА ВРЕДНА 17,5 милијарди долари: Ворен Бафет си купува уште една компанија
Американскиот холдинг Berkshire Hathaway, сопственост на милијардерот Ворен Бафет, ja купува енергетската компанија Oncor за над 17,5 милијарди долари, соопшти The Wall Street Journal.
Според изданието зделката ќе биде соопштена официјално наскоро. Електронската верзија на весникот забележува дека договорот ќе биде еден од најголемите во историјата на Berkshire Hathaway. Последната голема набавка, остварена од холдингот, беше стекнување со металуршката компанија Precision Castparts за 32 милијарди долари во 2016 година.
Oncor со седиште во Тексас е шестата по големина енергетска компанија во САД. Таа опслужува над 10 милиони купувачи во над 400 градови во САД.
Предводен од 86-годишниот Бафет холдингот Berkshire Hathaway стана со годините конгломерат од околу 80 компании. Тие работат во области како осигурување, инвестиции, производство и трговија со мебел, накит, облека и намирници.
Ворен Бафет е определен како еден од најуспешните инвеститори во светот.
