Зделка пониска од договореното: Си ја купија ја Арапите турската „Денизбанк“ за без пари?
Финансиската група од Обединетите Арапски Емирати „Emirates NBD“ објави дека од руската „Сбербанка“ ќе ја купи турската „Денизбанк“.
И тоа за околу 20 отсто помала сума од што е првично договорено, со оглед на наглиот пад на турската лира.
Руската државна банка „Сбербанка“ објави дека ќе ја продаде турската подружница „Денизбанк“ на „Emirates NBD“ за 2,8 милијарди евра за да се фокусира на сопствениот бренд.
Во руската банка напоменуваат дека финансиското влијание на трансакцијата ќе зависи од флуктуацијата на курсот на турската лира во период до нејзиното заклучување.
„Сбербанка“ ја купи „Денизбанк“ во 2012 година од француско-белгиската банка “Dexie” во рамки на планираното ширење на меѓународните пазари, што во меѓувреме ги осуетија американските санкции, воведени на Русија по интервенцијата во Украина.
Пред шест години „Сбербанка“ за турската банка плати 6,5 милијарди турски лири, односно приближно 2,8 милијарди евра по тогашниот курс, наведува Ројтерс.
