Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зоран Заев направи салто за сигурен пораз или за двојна победа?!

Зоран Заев направи салто за сигурен пораз или за двојна победа?!
Нови лица, но не и непознати за јавноста понуди опозицијата за предвремените парламентарни избори како носители во шесетте изборни едници, ова се првичните коментари на дел од аналитичарите кои ги контактираше „Фактор“. Сепак, за друг дел од домашната експертска јавност социјалдемократите носеле одлуки кои биле подготовка за нов пораз. Носителите на листите на СДСМ за претстојните парламентарни избори предизвикаа збунетост кај експертите, а нивните конкуренти од владеачката ВМРО ДПМНЕ одлуката официјално не ја коментираа. Дел од медиумите блиски до десницата  ја дочекаа со објаснување дека тоа е избегнување на одговорноста. Одлуката предизвика разочарување кај дел од довчерашните пратеници кои веројатно се надеваа дека повторно ќе се најдат на листите, а беше сфатена како решителен и храбар потег кај друг дел од јавноста кои сакаа да видат еден нов СДСМ. Дополнително, збунувачки е што раководството предводено од лидерот Зоран Заев и потпретседателката на партијата Радмила Шеќеринска не се најдоа на листите за изборите. Аналитичари: За едни освежување, за други СДСМ предвреме го призна поразор „Мислам дека секое освежување е добро. Луѓето кај нас не преферираат лица кои се долго време во пратеничките клупи и кои патем не оставруваат резултати, односно кога биле на листи на нивните партии изборите ги губеле. Најверојатно старите кадри ќе имаат исто така ќе превземат некоја друга улога, а секако и раководството на партијата. Сметам дека севкупната ситуација е со цел опозицијата да понуди нови решенија, ново освежување“, вели професорот Мерсeл Билали. „Со овие носители едноставно како СДСМ да се откажа предвреме од изборната трка, како да го признаа поразот. Ова може негативно да се одрази и на мотивацијата на нивните членови да работат во кампањата и секако во мотивацијата  на симаптизерите да излезат и да гласаат на претстојните избори“, вели аналитичарот Владимир Божиновски, аналитичар. Зоран Заев – Овој концепт е порака за пораз на Груевски „Овој нов концепт каде раководството не е на листите за пратеници ја испраќа недвосмислената и јасна порака и нашата убеденост дека јас и мојот тим сме основата на тимот кој ќе ја основа идната влада на Република Македонија. Во еден ваков чесен пристап, во којшто се знае кој ќе е идниот претседател на државата, кои ќе бидат пратениците во државата и кој е костурот на идната влада, граѓаните ќе знаат да препознаат и согласно тоа, секако ќе ја дадат поддршката за конечно да заврши оваа мизерија во којашто живееме сите во Република Македонија и Македонија да тргне кон исправниот пат, со извесна иднина, добра за сите денешни и идни генерации“, изјави Заев по завршувањето на конгресот. Кои се носителите на листите на СДСМ    Во првата изборна единица, носител на листата е Рената Тренеска Дескоска, во втората Петре Шилегов, во третата Марјанчо Николов, во четврата изборна единица носител на листата на СДСМ е Хари Локвенец, во петата е Васко Ковачевски, а во шестата Стојко Пауновски. ЛДП со стари кадри, НСДП без Петковски Коалициониот партнер на социјалдемократите ЛДП, на Андреј Жерновски на СДСМ му понудија веќе стари кадри со исклучок на Горан Милевски, Дуфе Куковски е во првата изборна единица, Роза Топузова Каревска е на добитна позиција во четвртата ИЕ. Овие тројца кандидати кои ги нуди партијата на Жерновски би требало да се сигурни идни пратеници. Но, според информациите, не поминало мазно ниту на ЦО, најголем дел од членовите на партијата жестоко реагирале на номинациите на Дуфе Куковски, Роза Топузова Каревска и на Нано Ружин. Другиот коалиционен партнер на социјалдемократите, НСДП добила исто така три сигурни пратенички места Горан Мисовски, Соња Мираковска и Љупчо Јосифовски. М.И.
Слично

Поврзани вести