Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗБОГУМ ЗА ДОЛАРОТ-Се основа Банка која ќе го протера?

ЗБОГУМ ЗА ДОЛАРОТ-Се основа Банка која ќе го протера?

Москва и Техеран активно работат на основање на заедничка банка која би вршела операции во национални валути, пренесуваат руските медиуми

Според зборовите на Бахрам Амирахмадин кој бил на чело на „Руско-иранското друштво“ , одлуката за основање на банка е договорена минатата година, но западните санкции воведени за Иран биле главна пречка за отворање на банка.

„Секако, можноста за отворање на руски банки во Иран е многу важна и тоа е атрактивна тема, бидејќи така може да се прошири и подобри економската соработка“, рекол Амирахмадин, додавајќи дека банкарската соработка помеѓу двете земји има долга историја.

Според неговите зборови, Москва и Техеран сакаат да ги извршуваат своите трговски работи исклучиво во национални валути, но тој план допрва треба да се реализира.

„Во моментов, сите банкарски операции помеѓу Русија и Иран се спроведуваат во долари или евра. Тоа е многу непријатно, бидејќи сите трансакции се под контрола на централните банки на ЕУ или САД“, рекол Амиахмадин.

Додал дека руската рубља може многу да зајакне на иранскиот пазар и така да стане атрактивна валута.

„Се надевам дека така ќе биде и со иранскиот риал во Русија“, рекол тој.

Трговијата помеѓу Русија и Иран моментално изнесува околу 5 милијарди долари и се реализира воглавно посредно, преку земји како што се Кипар и ОАЕ.

Треба да се напомене и фактот дека трговијата меѓу двете земји пораснала 70 отсто од 2015 година.

Слично

Поврзани вести