ЗБОГУМ НА РАСПУСТОТ: Училишното ѕвоно ги врати учениците во училишните клупи
Помина летниот распуст за учениците.
Училишното ѕвонче повторно ќе заѕвони во училиштата, а школските дворови ги отворија вратите за 270 000 основци и средношолци.
Околу 21.321 се првачиња а се чекаат целосните списоци од општините
Во подрачјата кои беа зафатени од невремето наставата ќе почне подоцна бидејќи дел од училиштата се уште се расчистуваат и дезинфицираат.
Надежните информираа дека во поголем дел е завршена санацијата и училиштатата се подготвени, а во некои трае дезинфекцијата.
Во меѓувреме се делат целосно нови учебници, во оние училишта каде е пријавено дека се оштетени. Откако изминатите 2 години учениците од прво до шесто учеа од учебници по наставната програма на Кембриџ, годинава тоа ќе се реализира и за седмо, осмо и деветто одделенците.
Се е подготвено, се врши дистрибуција на обновени книги кои беа уништени , сите училишта каде треба ќе бидат снабдени со нови, препечатени учебници . Истовремено за учениците од седмо до деветто одделение ќе бидат дистрибуирани нови учебници по наставната програма на Кембриџ, кои го работиме со меѓународниот центар за наставни програми на Универзитетот Кембриџ, по математика и природни науки, со што ја заокружуваме оваа реформа, изјави Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука.
