Економија, финансии, бизнис

Контакт

Збогум McDonald’s, добредојде Goody’s!

Збогум McDonald’s, добредојде Goody’s!
Локалите на Мекдоналдс во Скопје, Тетово и Охрид кои беа неочекувано затворени на 14 мај ќе станат сендвичарница на грчкиот бренд Goody’s – јавува zase.mk повикувајќи се на извори во фирмата која ја поседуваше франшизата за McDonald’s. Порталот не објавува повеќе информации освен дека се очекува ребрендирањето да започне во скоро време. Локалите на Мекдоналдс во Скопје, Тетово и Охрид беа неочекувано беа затворени на 14 мај. Над 200 вработени останаа дома без прецизна најава дали и кога ќе се вратат на работа. Иако повеќе од половина месец не работеа, ним им беше ветено дека доколку се отворат рестораните, сите веднаш ќе се вратат на работа. Во македонската јавност се појавија многу дилеми околу причините за затворањето. Неофицијално, дел од причините се лоцираат во нарушените релации меѓу некои регионални играчи на Мекдоналдс и акционерите во Скопје, поради што за судбината на рестораните требаше да решава директно централата на компанијата. По најавите дека на нивно место доаѓа Goody’s станува јасно дека Македонците се збогуваат со Мекдоналдс на подолг рок.  
Слично

Поврзани вести