Економија, финансии, бизнис

Контакт

Збогум евро - уште колку години му останаа?

Збогум евро - уште колку години му останаа?

Еврото може да го снема за 10 години ако не се направат значајни финансиски реформи, вели бившиот францускиот министер за економија, Емануал Макрон. 

Вели дека еврото не е потполно и дека нема меѓународен суверенитет како што е случај со доларот. 

Според него, Франција и Германија се две земји кои можат оваа ситуација да ја сменат. 

За Франција вели дека треба да го реформира образованието и пазарот на труд за да заживее економскиот раст. 

За Германија кажа дека таа сега има бенефит поради еврото и другите слаби членки. 

„Недостатоците на еврото и одат од рака на Германија“ - рече тој. 

Макрон се кандидира на претстојните избори како независен кандидат и ако победи, ветува дека ќе се заложи за реформи во оваа сфера. 





Слично

Поврзани вести