Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЖИВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА СО НОВИ МЕРКИ: Ветување на премиерот Спасовски

ЗАЖИВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА СО НОВИ МЕРКИ: Ветување на премиерот Спасовски

Нов пакет на мерки за закрепнување на македонската економија дефинита Економскиот совет на владејачкиот Социјалдемократски сојуз, како и поинтензивен развој во иднина, напиша на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.

– Мерките треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија и вложување во домашното земјоделство, пишува во објавата премиерот.

Истовремено, Спасовски објавува дека во наредниот период, Владата, министерствата и директорите на економските институции ќе седнат на заедничка маса со синдикалните организации и стопанските комори и ќе ги објавуваат мерките со кои ќе треба да се закрепне економијата во земјава.


Слично

Поврзани вести