Заживува туризмот, над 40.000 туристи во декември
Дека туризмот во Македонија се развива, покажуваат и статистиките според кои во декември 2015 година земјава ја посетиле 40.333 туристи и се реализирани 77.423 ноќевања.
Туристите претежно го посетуваат Скопје, но и другите туристички места во Македонија, а најмала посетеност бележат бањите.
Меѓу туристите најбројни се Турците, Грците, Србите, Бугарите, Косоварите, а најмал број на туристи имало од земји како Луксембург, Латвија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Естонија, Белорусија.
Бројот на туристите во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 24.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 19.7%, стои во извештај од Државниот завод за статистика.
Бројот на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 33.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 18.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 27.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 14.0%.
Слично
