ЗАЖИВЕА БЕРЗАТА: Банката која ја предводи Хари Костов го раздвижи пазарот!
Акцијата на „Комерцијална банка“ беше пак најбарана на берзата вчера.
Во четвртокот се истргуваа вкупно 843 акции по цена од 2.307,34 денари и раст од 4,73 отсто цената од средата.
БОМБА НА БЕРЗАТА! Кој плати 1,22 милиони евра за 35.870 акции во „Комерцијална банка“?
На овој раст како што Фактор веќе објави, претходеше огромен налог за купување на на 35 илјади акции, вредни над 1, 22 милиони евра.
Засега непознат купувач плати 75,33 милиони денари (над 1,22 милиони евра) и купи 35.870 акции со право на глас во „Комерцијална банка“ односно околу 1,6 отсто од акциите со право на глас во таа банка. Продавачот како што јавивме неофицијалнбо, е најверојатно некој од странските фондови што имаат акции во Комерцијална Банка.
Инаку, сите акции беа истргувани во само една трансакција, а на тргувањето му претходеше драмолетка во која цената на акцијата беше спуштена за речиси 10 отсто односно за 200 денари од почетокот на тргувањето па до „фамозната“ трансакција која беше реализирана на цена од 2.100 денари за акција.
Слично
